ВИДЕО: Левандовски го трасира патот за нова титула на Баерн Минхен

Роберт Левандовски / фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фудбалерите на Баерн Минхен со 1:0 го совладаа Аугсбург во рамки на 29 коло од Бундеслигата и направија голем исчекор кон одбрана на титулата.

Баварците на пет кола до крајот имаат 69 бода, девет повеќе од второтпласираната Борусија Дортмунд со која во 31. коло ќе играат на „Алијанц“ Арената и со евентуална победа ќе ја заверат титулата.


Човек на одлука на натпреварот против Аугсбург беше Роберт Левандовски кој во 82 минута беше прецизен од белата точка. Ова беше негов 32 гол во Бундеслигата сезонава, а вкупно 23 гол во дуелите со Аугсбург. Полјакот повеќе гола му дал само на Волфсбург, 24.

Сигурен настап на домашен терен имаше Волфсбург кој со 4:0 ја совлада Арминија и избега од опасната зона. Волфсбург сега има 34 бода, осум повеќе од Арминија која е 16. на табелата. Триумфот на Волфсбург го најави Нмеча со головите во 11. и во 38. минута, а победата беше заверена во вториот дел со головите на Арнолд во 48. и на Крузе во 53. минута.


Борусија Менхенгладбах без поголеми проблеми како гостин го совлада фенерџијата Гројтер Фирт во 0:2. Двата гола беа постигнати во првото полувреме и тоа преку Тирам во 18. и на Плеа во 24. минута.


Фудбалерите на Келн направија голем пресврт и негативата од 0:2 ја претворија во триумф од 3:2 против Мајнц. Гостите имаа предност од два гола благодарение на Буркардт во 14 и на Онисиво во 55. минута, но домаќините во финишот успеаја да постигнат три гола и да дојдат до триумф. Шкири во 69 минута намали на 1:2, Љубичиќ во 78 минута го озрамни резултатот, а Килијан го комплетира пресвртот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот