ВИДЕО: Ленс ја прекина неверојатната серија на ПСЖ, Мбапе не може без Меси и Нејмар

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Во дербито на 18 коло на францускиот шампионат („Лига 1“) Ленс го совлада Пари Сен Жермен со резултат 3:1. Ленс се приближи до лидерот во генералниот пласман на четири бодови и со тоа додаде драма во борбата за титулата.

Воедно, домаќинот ја прекина неверојатната серија на парижаните од 31 натпревар без пораз.

Ленс поведе во петтата минута со голот на Франковски. Славјето на домашната екипа траеше само три минути бидејќи Екитике се погрижи за израмнување.

Домашниот тим дојде до ново водство по одличната акција на Опенда во 28 минута. Точка на овој меч стави Клод-Морис во 48 минута.

ПСЖ на овој натпревар настапи без Лионел Меси и Нејмар, исто така без Кимпембе, Санчез, Мендеш и Пембеле, што очигледно многу го отежна тимот во дербито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот