ВИДЕО: Куќните собиранки главен проблем за ширење на заразата, разговор со градоначалниците на Прилеп и Кичево

Прилеп е еден од водечките градови во државата со новозаразени и хоспитализирани пациенти. Денеска ќе имаме координација со Кризниот штаб и ќе разговараме за тоа дали мерките досегашни се доволни за спречување на ширењето на заразата, изјави во Утрински брифинг Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Комодитетот и ослободувањето кое што граѓаните го имаат во последно време е една од причините за ширење на коронавирусот. Седењето и дружењето во кафулињата, гужвите пред банките, а она што е битно за Прилеп се и куќните собиранки кои за жал најмалку можат да се контролираат, вели Јовановски.

Околу кандидатурата на претстојните локални избори Јовановски вели дека се уште нема донесено одлука и дека приоритет му е справувањето со короната.

Во Утрински брифинг гостин беше и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, кој истакна дека имајќи го предвид здравјето, најнормално е да се почитуваат сите мерки.

-Ние како општество, како граѓани треба да ги почитуваме мерките и препораките. Очекувам дека после неколку денови ќе имаме намалување на бројката, не само во Кичево, иако и сега состојбата во нашиот град е стабилна. Според бројките што ги имаме мислам дека нема потреба од дополнување на мерките, но според одлуките на Владата ние секако дека ќе постапуваме. Се надеваме дека со почитување на овие мерки кои сега ги имаме, како почитување на полицискиот час, очекуваме и дека бројките ќе се намалат. Јас мора да кажам дека сум презадоволен од граѓаните и нивното однесување, рече градоначалникот на Кичево Дехари.

Околу кандидатурата на претстојните локални избори Дехари вели дека доколку има поддршка од граѓаните секако дека ќе се трка за нов градоначалнички мандат.

Разговорот со градоначалниците Јовановски и Дехари погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот