ВИДЕО: „Кралска вечер“ во Белград, Реал подобар од Црвена звезда во Евролигата

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарите на Црвена звезда беа поразени вечерва во Белград од Реал Мадрид со 79:59 (25:16, 13:18, 19:17, 22:8) во 18 коло од Евролигата.

Џанан Муса беше најефикасен во шпанската екипа со 19 поени и шест скока, додека Еди Тавареш забележа дабл-дабл и додаде 17 поени и 12 скока.

Во српскиот состав се истакнаа Немања Недовиќ со 18 поени и Филип Петрушев со 17 поени.

Црвена звезда моментно е 10 место на табелата во Евролигата со девет победи и девет порази, додека Реал е прв со 12 бода и шест порази, а истиот учинок го има и второпласираниот Монако кој со 64:60 беше подобар од Олимпијакос. Грчкиот тим е на петтата позиција (11-7).

Во следното коло белградските „црвено-бели“ го пречекуваат Монако, додека Реал во Берлин ќе се соочи со Алба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот