ВИДЕО: Коваленко со прекрасен гол го шокираше Наполи во Серија А

Фудбалерите на Наполи разочараа против Емполи/фото: EPA-EFE/FELICE DE MARTINO

Актуелниот шампион на Италија повторно ги разочара своите навивачи откако во 12 коло од Серија А загуби изненадувачки од Емполи со 1:0.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер во редовите на Наполи и настапи до 54 минута кога беше заменет од Грузиецот Хвича Кварацхелија.

Играчите на Руди Гарсија имаа повеќе од играта, со повеќе шанси за реализација, но на крајот Емполи е тој кој што успеа да дојде до триумфот.

Во самиот финиш од средбата во 91 минута украинскиот интернационалец Виктор Коваленко на прекрасен начин успеа да ја затресе мрежата на Голини.

После ремито на Милан со Лече (2:2), „наполитанците“ пропуштија можност да се искачат на третото место, па останаа на четвртото со 21 бод.

За Емполи ова е само трета победа сезонава, но важна во трката за опстанок, моментно е на 17 позиција со 10 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот