ВИДЕО | Кога Роналдо ќе ги загуби нервите: Му се развика на судијата, па турна човек кој сакаше селфи

Фото: Screenshot

Aл Наср вчера со голем пресврт се пласираше во групната фаза од азиската Лига на шампиони.

Тимот на Роналдо губеше со 1:2 се до 88. минута, а на крајот победи со 4:2. На Роналдо не се запиша во листата на стрелци, но му асистираше на Брозовиќ.

Португалецот ги загуби нервите некаде во финишот од првото полувреме кога кинескиот судија Фин Мин не досуди два пенали врз него.

Незадоволен од одлуката Роналдо прво му се развика на главниот судија, а потоа и на четвртиот бидејќи немаше реакција од помошниците за промена од луката. Во тој момент Роналдо и турна еден од акредитираните лица кој изгледаше како да сака селфи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот