Ким Кардашијан - Фото: Принтксрин/Јутјуб

ВИДЕО | Ким Кардашијан каква што досега не сте ја виделе: Објавен трејлерот за долгоочекуваната серија „Сѐ е фер“

Објавен е трејлерот за долгоочекуваната правна драма „Сѐ е фер“ (All’s Fair)“, во која Ким Кардашијан ќе ја гледаме во сосема ново светло – адвокатка за разводи, која е во конфликт со ликот што го толкува Сара Полсон. Серијата, која наскоро ќе биде достапна на „Дизни плус“, ја следи приказната за група успешни жени-адвокатки кои ја напуштаат адвокатска фирма во која доминираат мажите за да основаат сопствена.

Овие паметни, храбри и емоционално комплексни жени се соочуваат со високоризични разводи, скандалозни тајни и постојани промени во меѓусебните односи – и во судницата и надвор од неа. Во свет каде што владеат парите, а љубовта станува бојно поле, тие не играат по правилата, тие ги менуваат.

Во трејлерот може да се забележи како ликот на Сара Полсон ја предупредува Ким Кардашијан и нејзината партнерка дека „ова е војна што мора да се добие“.

Трејлерот открива и низа напнати и драматични сцени, од судски пресметки и остри конфронтации, до венчавки и болни разделби.

Ким Кардашијан ја толкува Алура Грант, сопственичка на адвокатска канцеларија, додека Сара Полсон ја игра нејзината главна конкурентка, која дури го застапува сопругот на ликот која го глуми Ким, што дополнително ги продлабочува нивните конфликти и носи серија емоционални судири.

Во еден момент, Полсон со доза на хумор коментира дека нејзиниот изглед може да послужи како „костим за Хеловин“, додавајќи лесна комична нијанса на серијата полна со интриги.

„Сѐ е фер“ е нов проект на Рајан Марфи, авторот кој веќе ги фасцинира гледачите со новиот дел од антологиската серија „Чудовишта“ на Нетфликс. Марфи е сценарист, извршен продуцент и режисер на оваа правна драма во која Ким Кардашијан има една од главните улоги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот