
ВИДЕО | Кевин Спејси заплака среде емисија: Морав да ја продадам куќата, должам милиони
Американскиот актер Кевин Спејси (64) гостуваше во емисијата на британскиот новинар Пирс Морган (59), со кого го направи своето прво интервју откако беше обвинет за сексуален напад во 2017 година.
Препорачано
Минатата година, Спејси беше прогласен за невин пред британскиот суд за сите обвиненија за сексуално злоставување на четворица мажи меѓу 2001 и 2013 година, а во 2022 година американскиот суд го отфрли обвинението за сексуален напад против него.
Правната битка на Спејси и фактот што Холивуд „му ја затвори вратата“ го доведоа до работ на банкрот, а актерот се расплака за време на интервјуто и призна дека должи милиони поради правните трошоци.
На прашањето каде живее сега, Спејси рече: „Па, смешно е што ми го поставуваш ова прашање бидејќи куќата во која живеам, во Балтимор, ми беше запленета неделава. Мојата куќа се продава на аукција“.
„Значи, одговорот на тоа прашање е – не сум сосема сигурен каде ќе живеам во моментов. Но, јас сум во Балтимор откако почнавме да ја снимаме серијата ‘Кула од карти’ (‘House of Cards’)“, додаде актерот.
Актерот откри дека неговата куќа е запленета бидејќи не може да си ги плати долговите, а на прашањето дали се соочува со банкрот, Спејси рече: „Размислував да поднесам неколку пати, но некако го избегнавме, на барем до денес“.
Kevin Spacey breaks down as he tells Piers Morgan he’s lost his home and now owes ‘many millions’ in legal bills.
Watch the full interview at 8pm (UK) on YouTube ?
? https://t.co/QR11ywsANx@piersmorgan | @KevinSpacey pic.twitter.com/ouW06zE2vY
— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) June 11, 2024