ВИДЕО | Калеска Ванчева: Етиката и моралот мора да бидат дел и од политичката култура

Снежана Калеска Ванчева, пратеничка од СДСМ/ФОто: Слободен печат

-Етичкиот Кодекс е за прв пат донесен во 2018 година. Во претходниот мандат ги донесовме дополнувањата на етичкиот Кодекс, правилник за постапување и едно упатство за начинот на кој што треба да се применува Кодексот од страна на пратениците. Со тоа фактички ја исполнивме онаа рамка која што од нас се бараше и во препораките од ГРЕКО тоа беше една од условите за Собранието во делот на етичкиот Кодекс, изјави во Утрински брифинг Снежана Калеска Ванчева, од Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања.

Таа смета дека може да се донесат многу правила, но целата сушштина е колку живот ќе им се дадеме на тие правила, а тоа зависи пред се од самите пратеници.

-Етиката и моралот се категории со кој што човекот живее од неговото раѓање. Ве учат родителите, наставниците. Средината во која што живеете, опкружувањето и тоа влага во вашиот мејнстрим. Ако во највисокиот законодавен дом, носителите на јавни функции, не почитуваат основни правила на однесување тогаш што да очекуваме од граѓаните, особено кај помладите. Општо е распространето дека во политиката и во војна е дозволено се. Но не е така. Ни во војната повеќе не е дозволено се’. Исто и во политиката.

-Етиката и моралот мора да бидат дел и од политичката култура, децидна е пратеничката од СДСМ.

Таа очекува во наредниот период Комисијата да има работа околу на што значи заштита на пратениците од пратеници при говор на омраза, омаловажување, особено кога станува збор за пратеничките.

-За жал, во нашето Собрание имаме примери кога пратеничките се на удар од своите колеги пратеници. Кога зборуваме за тој однос на пратеник спрема пратеник, пратеничка спрема пратеничка, тој однос во политичкиот дијалог во Собранието, затоа што сите ние сме одговорни да создаваме една средина во парламентот кадешто политичката култура ќе биде на вистинско ниво, заклучува Калеска Ванчева.

Целиот разговор погледнете го видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот