Фото: Инстаграм/Принтскрин

ВИДЕО: Како ќе го прославиме Божиќ во време на корона? Ова е најтажната божиќна реклама од која ќе ви се насолзат очите…

Во рекламата се појавува момче кое е многу загриженo за овој Божиќ поради сè што се случува во светот, па ги запрашува родителите: „Дали тој ќе дојде и оваа зима?“. Родителите му велат дека ќе биде се во ред доколку верува во божиќната магија…

Божиќните и новогодишните празници можеби оваа година ќе бидат малку поинакви, но сите знаеме кој ги прави особено посебни. Без оглед дали се држите до старата традиција или создавате нова, сите ги сакаме волшебната Нова година и Божиќ. Едноставно морате да верувате, изјавија од ирскиот ланец на маркети „SuperValu“ по премиерното прикажување на нивната празнична реклама за оваа година која допре многумина, некои дури и се расплаќаа откако ја погледнаа.

Рекламата е составена од младо момче и неговото семејство во пресрет на 25 декември.

Прикажани се сите предбожиќни традиции на украсување на елка и големите пазарувања. Но, момчето е многу загрижено дали за овој Божиќ поради сето тоа што се случува во светот, па во разговорот со родителите тие му објаснуваат дека се ќе биде во ред и дека едноставно само мора да верува во таа магија…

Погледнете ја рекламата со цел да видите што ќе се случи на самиот крај…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SuperValu | Recipes (@supervalu_irl)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот