ВИДЕО: Јувентус им се врати на победите во Серија А, прекрасен волеј на Влаховиќ против Лече

фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус на домашен терен го совладаа Лече со резултат 2:1 во натпревар од 33 коло во Серија А.

Последната победа играчите на „Старата дама“ во италијанскиот шампионат го имаа на 1 април пред своите навивачи против Верона.

Сите голови на стадионот во Торино беа постигнати во првото полувреме, водеше Јуве со голот на Паредес од 15 минута.

Израмнија гостите од пенал кој го реализираше Сисеј (37`), а конечниот епилог го постави Влаховиќ (40`).

Во останатите денешни мечеви: Аталанта – Специја 3:2, Салернитана – Фиорентина 3:3, Сампдорија – Торино 0:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот