ВИДЕО: Јувентус го доби градското дерби против Торино

фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус вечерва победија во градското дерби против Торино со 2:0, во натпреварот од осмото коло од Серија А.

Екипата на Јуве поведе со голот на Федерико Гати во 47 минута, а предноста беше зголемена со голот на Аркадиуш Милик во 62 минута.

„Старата дама“ моментно е на третата позиција на табелата со 17 бодови, додека Торино е на 12 позиција со девет бодови.

Во следното коло Јувентус ќе гостува кај Милан, додека Торино го пречекува Интер.

Претходно миланските „нераѕури“ одиграа само реми пред своите навивачи против Болоња (2:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот