ВИДЕО | Joвиќ направи глупост, Милан во натпревар со шест гола поразен од Монца

Фото: EPA-EFE/Roberto Bregani

Тимот на Монца вечерва стигна до една од најголемите победи во својата историја и во 25. коло во Серија А со 4:2 славеше победа над Милан.

Натпреварот беше одлучен во драматична завршница. Монца во финишот од првиот дел постигна два гола преку Песина и Мота, па така на паузата имаше 2:0.

Не започна добро ниту второто полувреме за Милан. Лука Јовиќ кој доби шанса од Пиоли од стартот на мечот направи глупост и заработи втор жолт картон откако удри шлаканица на еден противнички фудбалер.

Милан и во таква ситуација преку Жиру во 65. минута постигна гол на надеж. Тој гол како да дојде во вистинско време, па „росонерите“ создадоа уште неколку добри прилики. Избраниците на Пиоли и стигнаа до изедначување со прекрасниот гол на Пулишиќ во 88. минута.

Во тие моменти изгледаше дека Милан на неверојатен начин со играч помалку ќе успее да да го избегне поразот, сепак Монца не се откажа. Само две минути подоцна Бондо постигнува гол и го враќа водството на домаќините. Конечните 4:2 ги постави Коломбо во 95. минута, треба да се спомене дека Коломбо е фудбалер кој во Монца игра како позајмен фудбалер токму од Милан.

 

Милан со поразот испушти шанса да дојде до второто место на табелата и останува на третата позиција со 52 бода, два помалку од Јувентус и 11 помалку од Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот