ВИДЕО: Јокиќ забележа нов трипл-дабл, но и промаши шут за победа на Денвер против Клиперс

фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Кошаркарите на Денвер во НБА лигата загубија на гостувањето кај Лос Анџелес клиперс со 102:100 и покрај уште една добра партија на српскиот центар Никола Јокиќ и неговиот 24 трипл-дабл сезонава.

Клиперси ја прекинаа серијата од пет порази на домашен терен и покрај тоа што имаа негатива од 17 поени на почетокот на натпреварот и играа без Кавај Ленард. Најдобри за Клиперси беа Пол Џордан со 28 и Џејмс Харден со 20 поени, додека Ивица Зубац додаде 14 поени и 15 скока.

Во тимот на Денвер уште еднаш се истакна Јокиќ кој мечот го заврши со 36 поени, 17 скока и 10 асистенции. Јокиќ најдобро го следеа Арон Гордон со 18 и Кентавиус Калдвел Поуп со 16 поени.

Денвер подобро го започна натпреварот, имаше предност од 17 поени во првата четвртина, но Клиперси се вратија и поведоа до крајот на првото полувреме. Пред почетокот на последниот дел Клиперси имаа 75:70, па 90:79, но Нагетс одговорија и на крајот од мечот дојдоа до 98:97.

После тоа Зубац изведе четири слободни фрлања, но Јокиќ одговори со тројка и ја намали предноста на Клиперс на 102:100. Денвер го имаше последниот напад на натпреварот, на нешто помалку од пет секунди до крајот, но Јокиќ со тројка не успеа да му донесе победа на својот тим.

Нагетс сега имаат 53 победи и 23 порази и се втори во Западната конференција, додека Клиперс се четврти со скор 48-28.

НБА лига, резултати:

Далас – Атланта 109:95
Мајами – Филаделфија 105:109
Њујорк – Сакраменто 120:109
Хјустон – Голден Стејт 110:133
ЛА Клиперс – Денвер 102:100

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот