ВИДЕО | Jокиќ направи свое шоу на прес-конференцијата, не дозволи новинарите да му поставуваат прашања

Фото: Screenshot

Никола Јокиќ одигра одличен натпревар и постигна трипл-дабл во победата против Њу Орлеанс, но српскиот кошаркар беше во центарот на вниманието и со однесувањето на прес-конференцијата по средбата.

На прес-конференциите вообичаено е новинарите да поставуваат прашања, а кошаркарот да одговоара, но сега тоа не беше случај.

Јокиќ излезе пред новинарите и не дозволи да му бидат поставени прашања бидејќи како што истакна знаел што ќе биде прашан.

„Ќе почнам веднаш да зборувам бидејќи знам што ќе ме прашате. Подготвени сте? Џулијан, беше многу добар денеска, влијаеше на нашата игра и донесе нова енергија. Се уште треба да научи дека, кога некој ќе врзе повеќе поени, неговите соиграчи ќе бидат повеќе отворени, но тоа е во ред“, изјави Јокиќ мислејиќ на Џулијан Стротер кој одигра солиден натпревар со 21 поен.

Помеѓу новинарите можеше да се слушне тивко смеење како знак дека и го погодил прашањето. Следно за што зборуваше беше настапот на Колин Гилеспи.

„Кога Колинс е на теренот се чувствуваме самоуверени, но мислам дека треба да биде малку поагресивен. Сега игра повеќе за другите, што секкао е добро, но ќе помогне и повеќе ако биде поагресивен во иднина“, изјави Јокиќ за 24-годишниот соиграч.

Во последниот дел Јокиќ зборуваше за третата четвртина која посебно се издвојуваше од другите бидејќи Денвер ја доби со 41:20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот