ВИДЕО: Израелските сили убија 29-годишна Палестинка

Израелски трупи пукаа денеска врз Палестинка, која, како што тврдат, се обиде да влезе со автомобил и да ги удри војниците на окупираниот Западен брег, а потоа мавташе со нож, објави израелската армија.

Се наведува дека Палестинката „се обидела да избоде голем број израелски војници во близина на палестинското село Хизма“, северо-источно од Ерусалим, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Палестинското Министерство за здравство објави дека станува збор за жена која починала од повредите.

Медиумите ја идентификуваа како Маи Афанах, 29-годишна студентка по медицина од Абу Дис. Наводно била застрелана и оставена да крвари на самото место, а палестинските медиуми тврдат дека немало брза помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот