ВИДЕО | Излегува на 20 октомври: „Ролинг стоунс“ го претставија новиот албум „Hackney Diamonds“

Фото: Profimedia

Членовите на легендарната рок-група „Ролинг стоунс“ го претставија новиот студиски албум со оригинална музика „Hackney Diamonds“, кој е прв по 18-годишна пауза и прв по смртта на тапанарот Чарли Вотс.

Албумот ќе биде објавен на 20 октомври и ќе содржи 12 нови песни, пренесе „Би-би-си“.

Како најава за она што можеме да го очекуваме од новиот албум е синглот „Angry“, кој беше промовиран вчера на специјалниот настан во лондонската населба Хакни, на кој присуствуваа тројцата „Стоунси“ – Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд. Во улога на водител на настанот се најде американскиот водител Џими Фалон.

Во таа прилика беше претставен и видеозаписот за песната, во кој се појавува актерката Сидни Свини, ѕвездата на серијата „Euphoria“.

Покрај тројцата оригинални членови, на албумот работеше и тапанарот Стив Џордан, кој достојно го замени Чарли Вотс.

„Поинаку е откако Чарли нè напушти. Тој е нашиот четврт член. Секако дека ни недостасува“, изјави Кит Ричардс.

Сепак, убавата вест е дека и Вотс има свој придонес на албумот.

„Албумот има 12 песни. Повеќето се снимени со Стив, но две од нив ги снимивме со Чарли во 2019 година“, изјави Мик Џегер.

Вотс почина во 2021 година, на 80-годишна возраст, по тешката борба со ракот на грлото.

Како што пренесе „Би-би-си“, американската пејачка Лејди Гага ќе има гостинско појавување на новиот албум на „Ролинг стоунс“, а меѓу останатите музички имиња  за кои се претставува дека ќе ги чуеме на албумот се Пол Макартни и Стиви Вондер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот