ВИДЕО | Историја во Португалија: За првпат на фудбалски натпревар покажан бел картон

Фото: Screenshot

Натпреварот помеѓу женските тимови на Бенфика и Спортиг го привлече вниманието на навивачите и медиумите затоа што за првпат беше покажан бел картон.

Оние кои го гледаа натпреварот беа зачудени и не знаеа за што станува збор, но набрзо стигна објаснување. Имено, белиот картон се доделува за фер-плеј потег.

Судијата на оваа средба белиот картон го покажа на медицинските тимови на Бенфика и Спортинг откако имале заедничка реакција за лице кое побарало помош на клупата за резервни фудбалери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот