ВИДЕО: Исланд се подготвува за вулканска ерупција, за половина час имало дури 80 земјотреси

Фото: Твитер

Исланд е на нозе.Властите денеска се подготвуваат да изградат одбранбени ѕидови околу геотермалната централа во југозападниот дел на земјата, со кои се надеваат дека ќе се заштитат од лава, ако дојде до вулканска ерупција.

Сеизмичката активност и подземните текови на лава се интензивираа на полуостровот Рејкјанес во близина на главниот град Рејкјавик во текот на викендот, што ги натера властите во саботата да евакуираат речиси 4.000 луѓе од рибарскиот град Гриндавик.

Веројатноста за ерупција останува висока и покрај намалувањето на сеизмичката активност, се вели во денешното соопштение на Исландскиот метеоролошки институт. Речиси 800 земјотреси се регистрирани помеѓу полноќ и пладне денеска, што е помалку од претходните два дена, се вели во извештајот.

Властите соопштија дека се подготвуваат да изградат голем насип дизајниран да ги пренасочи тековите на лава околу геотермалната централа Свартсенги, која се наоѓа на нешто повеќе од 6 километри од Гриндавик.

Речиси на сите 3.800 жители на Гриндавик накратко им беше дозволено да се вратат во своите домови вчера за да ги соберат своите работи, соопшти одделот за цивилна заштита и управување со вонредни состојби на Исланд. Според добротворната организација Дирфина, повеќето миленичиња и домашни животни биле спасени од Гриндавик до вчера вечерта.

Во текот на попладневните часови, новите броила инсталирани од Метеоролошкиот уред во близина на Гриндавик открија покачено ниво на сулфур диоксид, поради што Гриндавик повторно беше целосно евакуиран за кратко време.

Агенцијата во својот последен извештај рече дека иако нема други индикации за почеток на ерупција, тоа не може да се исклучи бидејќи гасот не се појавува освен ако магмата не е високо во земјината кора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот