ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Стојаноски: Има пари за реализација на сите 263 амандмани за буџетот, само власта да има слух

Бојан Стојаноски/ Фото Слободен печат

Власта и опизицијата поднесоа 263 амандмани за буџетот, над 200 се на ВМРО-ДПМНЕ. Пари за реализација на овие амандмани има, би можеле да се релоцираат од ставката приходи по основ даноци заради инфлацијата, смета актуелниот претседател на собраниската комисија за финансирање и буџет, Бојан Стојаноски, кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

10-дневниот рок за расправа во матичната собраниска комисија за финансирање буџет стартува од среда (23.11.2022). Стојаноски смета дека има реални шанси новиот буџет Парламентот да го донесе до 20 декември.

Донесувањето на Законот за буџет со консензус минатата година беше светол пример за тоа како со успех можат да се донесат фискални правила што државата ќе ги почитува, но со сегашниот буџет излегува дека е надминат буџетскиот дефицит од 3 % со плус 1,6 %.

Тоа според првиот човек на парламентарната комисија за буџет е сигнал дека државата носи закони што самата не си ги почитува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот