ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Професор Биљали: Отворен Балкан претставува брз воз за обединување на регионот

д-р Мерсел Биљали - професор на ФОН / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Отворен Балкан е регионална иницијатива создадена од Северна Македонија, Србија и Албанија која е посветена на обезбедување услови за практикување на четирите европски слободи за што е можно повеќе граѓани и компании на Балканот. Отворен Балкан е засилувач на регионалната соработка и поврзаност кога станува збор за слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.

-Моите научни и стручни анализи се објавени во неколку медиуми и денес сум убеден дека иницијативата Отворен Балкан многу доцни во однос на она што е наша потреба како регион. Во минатото имаше слични обиди, но тоа не даде позитивни резултат, поради личностите што ги водеа државите во почетокот на деведесеттите. Берлинскиот процес на обединување на регионот има слична идеја, но тој е многу бавен, а се одржува тематски еднаш годишно. За мене Отворен Балкан е брз воз во споредба со Берлинскиот процес и можеме да создадеме еден заеднички пазар преку отворање на границите. Државите од регионот имаат мал пазар и економиите не можат да се развиваат и да егзистираат во такви услови и пожелно е пазарот да биде поголем за секоја држава од регионот.Според експертите од оваа област се претпоставува дека за успешна економија е потребен пазар од минимум 20 милиони население. Ова го истакна униерзитетскиот професор Мерсел Биљали во „Утрински печат“ на Слободна ТВ.

Соработката меѓу државите е процес што треба да се негува и истовремено сознанието од другите региони што имале конфликти и судири, а се помириле да се користи во градење добрососедски односи врз заедничка политика, од една страна и промената во политиката со закани спрема соседите може да претставува ризик и пораз на политиката на Отворен Балкан, од друга страна.

-Мислам дека постои висок степен на манипулација од одделни центри што прават Балканот да биде таков каков што беше досега. Логиката дека не треба да се помириме ја исклучува соработката меѓу луѓето и не нудат решение како луѓето да живеат без при тоа да се повикуваат на соственото минато и лошото искуство. Луѓето што се противници на помирувањето немаат одговор до кога треба да се враќаме во минатото и до кога треба да паметиме во иднината за да имаме аргументи дека не треба да соработуваме во регионот. Според мене европските народи, исто така, имаа конфликти и жестоки војни, но разбраа дека мора да соработуваат ако сакаат да живеат подобро. По завршување на Втората светска војна  измислија една форма на соработка, Асоцијација за јаглен и челик, потоа ја надградија со Европска заедница и денес таа се нарекува Европска Унија. Мислам дека историјата не учи дека односите меѓу некои од државите во Западна Европа биле многу жестоки и крвави во споредба со нашето минато и сепак успеале да го надминат стравот од другите и непријателството спрема другите и денес да живеат заеднички, истакна униерзитетскиот професор Мерсел Биљали.

Отворен Балкан има перспектива ако другите категории од населението бидат поддржувачи и најдат сопствен интерес да соработуваат со свои колеги од другите држави. Во некои држави од регионот процесот на отворање на границите и на соработка на државите не е на високо ниво поради политиката на раковдството на тие држави.

-Косово претставува проблем и кај нив има голем отпор за поддршка, вклучување и реализација на идејата Отворен Балкан. Има позитивни тенденции кај еден мал дел мои колеги што гледаат во овој процес шанса за Косово, но огормен дел од населението има „Фикс Идеи“. Моите укажувања во разговорите со нив се темелат врз факти каде што им укажувам дека 80% од должината на нивната граница истовремено е граница со Србија и нивната комуникација со светот се одвива преку тој простор и тоа мора да биде и да има само формално значење. Политиката мора да се гради врз принципи на доверба и соработка, а не да се робува на лошо искуство од минатото. Сепак сум оптимист дека младат генерација размислува различно и дека процесот ќе биде поддржан во иднина. Политиката на барање големи држави на штета на соседите е завршена, односно на овој начин сите држави ќе бидат големи и како една целина ќе биде примена во ЕУ, рече универзитетскиот професор Мерсел Биљали.

Целото интервју со проф. Мерсел Биљали погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот