ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Методи Хаџи Јанев: Помошта на македонската армија во Турција ја зајакнува меѓународната позиција на земјава

Методи Хаџи Јанев- професор / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Македонската држава но и армија може да заклучиме дека брзо и експресно а пред се солидарно одговори во однос на помош во напорите за справување со последиците од разорниот земјотрес кој се случи во Турција но и Сирија. Искуството кое го поседува нашата армија во вакви кризни состојби на неколку пати во минатото е докажано во низата вежбовни активности во доменот на заштитата и спасувањето од природни непогоди. Тоа во исто време е важен сегмент и за самата армијата но и за државата во однос на зајакнување на нејзината меѓународната позиција – истакна универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев при неговото гостување во емисијата „Утрински печат“.

– Координацијата на нашите спасувачки единици со турските во овој момент е многу важен чекор во однос на функционирањето на тамошните спасувачки екипи. Нашите спасувачи и обучени лица се подчинети на локалните команданти и едици за заштита и спасување, кои што се во рамките на турската единица за спасување кои пак се едни од водечките во регионот по стручноста. Комбинацијата на добра комуникација, мобилност, обученост но и подготвеност да се одговори во едни вакви услови говори дека македонската армија може да одговори на ваков сериозен предизвик како што е несреќата со земјотресот кој се случи во Турција и Сирија на високо ниво – посочи во разговорот во студиото Хаџи Јанев.

Професорот Хаџи Јанев зборуваше и за хакерските напади во светот но и земјава но и предупредувањата од италијанската Национална агенција за сајбер безбедност АЦН од нови сајбер војувања.

– Она што е за фалење досега отворено сме го фалеле. Во исто време она што е за критикување отворено овдека говориме дека нечини и дека треба да се работи кога станува збор сајбер безбедноста во земјава. Просто кажано, ако сака пациентот да биде излечен мора да признае прво дека има проблем за да го лечите. Ние треба да си признаеме дека имаме сериозен проблем. Не треба да бидеме стручни а да не заклучиме дека буџетите на институциите речиси и да не постојат кога станува збор вложувањата и обуките за заштитата во сајбер просторот. Колку од министерствата кои што влегуваат во дигитализицијата одвоиле од својот буџет за да ги тренираат своите кадри за справување со вакви предизвици, ретко. Најголем случај за пропусти во домашните институции покрај финансиите и невложувањето е човечкиот фактор – дообјаснува професорот Хаџи Јанев.

Тој на неколку пати во разговорот истакна дека Македонија има мала култура на вложувања во сајбер безбедноста особено во приватниот сектор. Според него кога се зборува за безбедност особено во фирмите, сопствениците тоа го гледаат како барикада во напредокот за нивното напредување и развиток.

Повеќе од разговорот со Методи Хаџи Јанев погледнете во видеото во продолжение…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот