ВИДЕО: Интер во трка за Скудетото, Лаутаро Мартинез за три важни бодови во Фиренца

фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Фудбалерите на Интер ја забележаа и 17 победа сезонава во Серија А, откако на гости со 1:0 славеа против Фиорентина.

Единствениот гол беше реализиран во 14 минута преку Лаутаро Мартинез по асистенцијата на Кристјан Аслани.

Домаќините можеа да го избегнат поразот на стадионот „Артемио Франки“, но во 76 минута непрецизен од белата точка беше Николас Гонзалез.

На табелата миланските „нераѕури“ се на првата позиција со 54 бодови, со еден натпревар помалку од второпласираниот Јувентус. „Виолетовите“ се петтопласирани со 34 бодови.

Во следното коло Интер на 4 февруари во дербито ќе го пречека Јувентус, додека Фиорентина два дена порано ќе гостува кај Лече.

Во неделата се одиграа уште четири натпревари: Џенова – Лече 2:1, Монца – Сасуоло 1:0, Верона – Фросиноне 1:1, Лацио – Наполи 0:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот