ВИДЕО: Инфлуенсерката Џастин Парадајс го обвини јутјуберот и боксер Џејк Пол за сексуално злоставување

Instagram

Ѕвездата на социјалната мрежа „ТикТок“, Џастин Парадајс го обвини јутјуберот и професионален боксер Џејк Пол дека сексуално ја нападнал во неговиот дом во Лос Анџелес во 2019 година.

Парадајс тврди дека Пол ја фатил за лицето и ја принудил на орален секс, допирајќи ја несоодветно без нејзина согласност. Таа ги изнесе обвинувањата во 20-минутно видео објавено на „Јутјуб“ минатата недела.

Парадајс вели дека чекала две години да се изјасни затоа што потпишала некаков вид на договор кој наводно го потпишувале сите гости кои влегле во домот на Пол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justine Paradise (@justineparadise)

Џастин и Пол се сретнале неколку пати во јуни и јули 2019 година во неговиот дом во Калифорнија. Парадајс вели дека со Пол се запознале преку заеднички пријател. На една од нивните средби тоа лето, девојката тврди дека Пол ја турнал во аголот од неговото студио и почнал да ја бакнува, за што таа вели дека се согласила.

Мислев дека тој е симпатичен“, вели Џастин, раскажувајќи дека во студиото имало и други луѓе кои требало да снимаат тој ден.

Пол потоа ја одвел во неговата спална соба, каде почнале да танцуваат и да се бакнуваат сè додека „не ја однел во својот кревет“ и почнал да ги става рацете на места што таа не сакала.

Во видеото Парадајс вели дека се обидела да му ги тргне рацете, на што Пол наводно одговорил: „Ако нема да се случи ништо, тогаш што е поентата?

Сексот е многу посебен и многу важен за мене. Нормално, сите ме почитувале кога не сум сакала да правам сексуални работи, па затоа и отидов во неговата соба. Мислев би било добро да го бакнам, бидејќи мислев дека ќе престане ако не сакам да направам нешто друго…“, во своето видео раскажува Парадајс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jake Paul (@jakepaul)

Сепак, Пол, наводно, тогаш ја присилил на орален секс додека бил физички над неа.

Тој не ме праша ниту побара согласност… Тоа не е во ред. Тоа воопшто не е во ред“, вели Џастин.

Таа додаде дека Пол потоа се однесувал ладно кон неа и повеќе не зборувале. Тој не се извинил и престанал да одговара на нејзините смс-пораки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justine Paradise (@justineparadise)

Џастин вели дека ја споделува својата приказна јавно во обид дека Пол ќе „сфати што направил и нема повторно да го направи истото“.

Џејк Пол има повеќе од 20 милиони следбеници на неговиот јутјуб-профил. Тој исто така е рапер и професионален боксер. Џејк постојано го привлекува внимание на социјалните мрежи со своето „бунтовничко“ однесување. Но очигледно го привлекува и вниманието на полицијата, затоа што во повеќе наврати го прекршил законот. Минатото лето, среде пандемијата на коронавируси, тој организирал забава во неговиот дом во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jake Paul (@jakepaul)

Џастин Парадајс има повеќе од 10.000 следбеници на „Јутјуб“, но е значително повлијателна на „ТикТок“, каде што има повеќе од 520.000 следбеници.

Пол засега не го коментираше видеото на Парадајс каде таа обвинува за сексуално злоставување, пренесува „Би-Би-Си“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот