ВИДЕО | Инцидент пред Мет гала: Момчето на Ријана се потпре на глава на обожавателка за да прескокне ограда

Фото: Скриншот/Твитер/Profimedia

Момчето на пејачката Ријана, раперот Ејсап Роки стана мета на критики откако на социјалните медиуми се појави видео снимено пред хотелот Карлајл, каде пејачката и многу други ѕвезди се подготвуваа за годинашната Мет гала.

Пред хотелот се собрала толпа обожаватели, а наместо да тргне по оградената патека, раперот изнервиран од гужбата решил да ја прескокне оградата. Ни повеќе, ни помалку – потпирајќи се на главата на една девојка од толпата.

Ријана и Ејсап Роки на годинашната Мет гала / Фото: ANGELA WEISS / AFP / Profimedia

Видеото стана вирално на социјалните медиуми, а обожавателката раскажа за „Индепендент“ што се случило.

„Отидов пред хотелот рано наутро, само за да видам одблизу како се облечени ѕвездите. Почувствував дека некој ме тапка по рамото, па се свртев и видов дека тоа е Ејсап Роки. Тој ми рече ‘душо, јас морам да поминам’, а јас му одговорив ‘не’ бидејќи барикадата беше точно пред мене, јас немав каде да одам“, изјави Медлин Ланес, девојката на која се потпре раперот.

Раперот бил настојчив во својата намера, па ја прескокнал оградата, потпирајќи се за неа и на човекот кој бил покрај неа.

„Откако ја прескокна оградата, рече ‘благодарам’, па потоа само се насмеа и ми покажа среден прст“, вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот