ВИДЕО I Трагедија во Италија: Четиринаесет луѓе загинаа при уривањето на жичарница

Единствен преживеан од  вчерашната несреќа во северна Италија е е петгодишно момче од Израел, а 14 луѓе загинаа.

Несреќата се случи откако се урна жичарница во близина на езерото Маџоре, при што две повредени деца беа транспортирани во локалната болница, каде едното дете почина.

Петмина од загинатите се израелски граѓани, родителите, бабата и дедото, како и братот на преживеаното дете. Неговиот брат почина во болница.

Кабината од жичарницата се урна при превоз на патници од градот Стреса до планината Мотароне, патување што трае околу 20 минути.

Кабината паднала од висина од сто метри. Се претпоставува дека причина за несреќата е попуштање на носечкиот кабел на жичарницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот