ВИДЕО I Откритие што дава надеж: Австралиските научници потврдија колку трае имунитетот на корона и каква врска има со вакцината

Универзитетот Монаш во Мелбурн објави откривање на група научници кои укажуваат дека антителата спречуваат повторна инфекција најмалку осум месеци.

Нивната работа, објавена во списанието „Сајанс имунологија“, „е најсилниот доказ“ дека вакцините против коронавирусот можат да бидат изводливо решение за здравствената криза. Претходните студии сугерираат дека антителата на ковид-19 почнуваат да исчезнуваат во рок од  неколку недели или месеци. Сепак, новата австралиска студија покажува дека одредени клетки во имунолошкиот систем, наречени мемориски Б клетки, „запомнуваат“ вирусна инфекција и предизвикуваат заштитен имунолошки одговор со правење антитела во случај на повторно изложување.

За студијата се испитани  25 пациенти со ковид-19, од кои се земени 36 примероци на крв, почнувајќи од четвртиот ден по инфекцијата. Последните примероци беа земени 242 дена по инфекцијата. Научниците видоа дека бројот на антитела кои се борат против вирусот почна да опаѓа 20 дена по инфекцијата, но открија дека мемориските клетки специфични за вирусот ковид-19 остануваат стабилни најмалку осум месеци.

Овие резултати се всушност добра вест за ефективноста на вакцината, што исто така дополнително објаснува зошто имало толку малку нови примери на повторна инфекција со коронавирус, рече вонредниот професор Мено ван Зелм од Одделот за имунологија и патологија на универзитетот Монаш.

„Ова беше црн облак што лебдеше над потенцијалната заштита што може да ја обезбеди било која  вакцина против ковид-19. Покрај тоа, ова откритие дава вистинска надеж дека штом се развие вакцина или вакцини, тоа ќе обезбеди долгорочна заштита“.

Иако постои широк спектар на вакцини против коронавирусот за кои се покажало дека се ефикасни во градењето имунитет против вирусот, сè уште е нејасно колку трае заштитата. Сепак, вакцините исто така ќе треба да ги следат мутациите на вирусот.

Извршниот директор на Бионтек, Угур Сахин, претходно оваа недела изјави дека германската компанија наскоро ќе добие вакцина за борба против новиот вид на ковид-19 што се појави во Велика Британија, но изрази уверување дека тековната вакцина развиена со американската компанија Фајзер ќе продолжи да биде ефикасна  со време.

Домашната руска вакцина Спутник V е ефикасна и против новиот подтип на коронавирус, изјави Кирил Димитриев, извршен директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој го финансираше развојот на вакцината.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот