Дебелината на снегот на северот на Албанија е повеќе од четири метри.
Политичкиот лидер на Социјалистичката партија во регионот на Скадар, Илир Беќај на Фејсбук објави видео од моментот кога спасувачите од Силите за брза интервенција (ФНШ) заедно со жителите на областа го спасуваат старецот Пјетер Лулаши.
Сè уште не се знае колку дена Лулаши заедно со неговите кучиња бил заробен во колибата под дебелиот снег.
„Благодарение на интервенцијата на некои жители од областа, вработените во ФНШ и АЗМ (Администрација на заштитени подрачја) Скадар, Пјетер Лулаши излезе од изолација. На Буни и Бајрактари во Чафе Торе каде дебелината на снегот е над 4 метри“, напиша Беќај.
Буни и Бајрактарит е дел од Националниот парк Тет. Овој планински терен е исто така познат и како „Заборавената планина“.