ВИДЕО I Mоментот кога мафијата почнува да владее со полицијата: Озогласен мексикански нарко картел се здоби со адреси на полицајци и ги убива по домовите

Членовите на озлогласениот мексикански нарко картел Халиско киднапираа неколку членови на елитна полициска единица и со измачување се здобиле со адреси на други полицајци кои сега ги убиваат во нивните домови.

Екстремно насилниот картел на тој начин реагираше на политиката на мексиканската влада „прегратки, а не куршуми”.

Нападите врз полицајците се убедливо најдиректен предизвик за мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и неговата политика за избегнување насилство и отфрлање на војната против картелот.

Од друга страна, картелот Халиско и објави војна на владата и сака да ја уништи елитната полициска единица, позната како Тактичка група, која бандата ја обвинува за неправедно постапување кон нивните членови.

Картелот се закани дека ќе убие двајца членови на Тактичката група за секој уапсен член – или во нивните полициски возила или во нивните домови.

Официјални лица во сојузната држава Гуанахуато, најпогодени од насилството во Мексико, одбија да кажат колку членови на Тактичката група се убиени досега.

Според агенцијата Поплаб, од 2018 до 12 мај годинава, во Гванахуато биле убиени 262 полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот