ВИДЕО: И Макрон воведува карантин во Франција, почнува од петок

Емануел Макрон
Емануел Макрон /Фото: ЕПА

Францускиот претседател Емануел Макрон се обрати до јавноста околу новите мерки. Тој прогласи карантин од петок кој ќе трае до 2 декември.

„Вирусот циркулира со брзина која не ја предвидоа ниту најпесимистичките прогнози“, рече Макрон на почетокот од обраќањето. Рече дека сите француски региони се во црвено.

„Бранот ја зафаќа цела Европа. Дали се направивме како што треба? Не. Но направивме се што можевме. Нашата стратегија, со оглед на информациите кои ги имавме, беше добра“.

Рече дека Франција ја преплави втор бран „кој несомнено бил посилен и поубиствен од првиот“. Рече дека е сигурен дека 9.000 пациенти ќе бидат на интензивна нега до средината на ноември, што ќе значи дека капацитетите ќе бидат речиси целосно исполнети.

„Вирусот ги зафаќа сите генерации во своите тешки форми“, рече Макрон и нагласи дека задача му е да ги заштити оние кои им пружаат нега на болните.

„Мораме да ја заштитиме економијата“, рече Макрон додавајќи колку е важен балансот. „За нас, ништо не е поважно од човечките животи“, рече тој.

„Франција никогаш нема да усвои стратегија на колективен имунитет. Ова опција би довела речиси со 400.000 дополнителни смртни случаи“, изјави францускиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот