ВИДЕО I Ирански медиуми: Убиен е шефот на националната нуклеарна програма

Началникот на иранската нуклерана програма Мохсен Фахризаде е убиен во близина на Техеран.  Иранското Министерство за одбрана потврди дека шефот на иранската нуклеарна програма е убиен.

Мохсен Фахризаде е убиен во близина на Техеран. Тоа го објави иранската полуофицијална новинска агенција „Фарс”.

Нападот се случил во Абсард, источно од главниот град на Иран.

Државната телевизија Прес ТВ истакна дека првичните информации доаѓаат од „неофицијални извори”, но државната телевизија ИРИБ исто така јави за убиството. Други извештаи велат дека Фахризаде е ранет во нападот и хоспитализиран, а некои велат дека имало и други жртви во нападот.

Информацијата ја пренесоа и западните медиуми – ДПА, Ројтерс, АФП и АП, но сите се повикаа на иранските медиуми.

Извор.МИА

„Њујорк Тајмс”: Минатата недела Трамп беше разубеден од идејата да го нападне Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот