ВИДЕО | Хрват со груб старт можеше да ја заврши кариерата на противнички фудбалер

Фото: Screenshot

Eкипата на Бенфика не успеа да слави на гости кај Виторија Гимараеш во натпревар кој се играше во навистина тешки услови поради влажниот терен.

Лидерот на табелата повеќе нема предност пред Спортинг и двата ривали од Лисабон сега се израмнети на табелата и до крајот не чека една возбудлива трка.

Вчера Бенфика се спаси и израмни на 2:2 преку Кабрал во 90-тата минута, меѓутоа тоа го направи откако имаше играч повеќе на теренот. Последниот половина час гостите беа со играч повеќе поради стартот на Тони Боревковиќ. Дефанзивецот остро стартуваше над Флорентино и го покоси во буквална смисла.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот