ВИДЕО | Хојлунд со два гола обезбеди победа за Манчестер Јунајтед и испиша историја

Фото: Manchester United FC

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа со 1:2 против Лутон во рамките од 25. коло во англиската Премиер лига.

Победникот на оваа средба беше решен во почетните минути. Расмус Хојлунд кој во последниот период игра во одлична форма уште во 36-тата секунда ја затресе мрежата на домаќините, а во седмата минута го постигна и вториот гол на натпреварот.

Со овие два гола Хојлунд стана најмладиот фудбалер кој бил стрелец на шест натпревари во низа во Премиер лигата, исто така стана и најмладиот стрелец на најбрзиот гол на гостувањата во клупската историја на Манчестер Јунајтед.

Данецот добиваше многу критики, но со почетокот на 2024 година експлодираше и игра во фантастична форма. Лутон резултатски во натпреварот се врати во 14-тата минута со голот на Карлтон Морис. Имаше шанси во продолжение и на двете страни видовме 42 удари комбинирано на двете страни, меѓутоа резултатот не се промени.

На табелата Манчестер Јунајтед сега има 44 бода, Тотенхем 47 и Астон Вила на 4-тата 49, па така „црвените ѓаволи“ дефинитивно се вратија во битката за место во топ четири на крајот од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот