ВИДЕО | Херојската одбрана на Кизиќ во ремито на Е.Пелистер во топ 5 на колото во ЛЕ

Фото: Screenshot

Еурофарм Пелистер вчера одигра реми (27:27) против Португалскиот Агуаш Санташ, а вистински херој на битолскиот клуб во ова реми беше голманот Марко Кизиќ.

Посебно младиот голман се истакна во самата завршница кога во последниот напад одбрани зицер на противникот. Токму оваа негова одбрана сосема заслужено се најде во топ 5 одбрани на колото во Лигата на Европа.

Следниот натпревар во ова натпреварување, Еурофарм Пелистер ќе го игра на 21 февруари на гостински терен против Фуксе Берлин, а на 28 февруари пред своите навивачи ќе го пречекаат Мотор Запорожје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот