ВИДЕО: Хаварија во рудник за злато во Бурунди, загинаа 13 рудари

Хаварија во рудник во Бурунди/Фото: Твитер/Скриншот

Најмалку 13 рудари загинаа, а двајца се водат за исчезнати откако поради поројните дождови  дошло до хаварија во коп од рудникот за злато во Бурунди, соопштија властите.

Гувернерот на северозападната провинција Цибитоке изјави дека рударите не можеле да бидат спасени откако во петокот вечерта се урнал копот поради обилните врнежи.

Полицијата и другите агенции за спасување вчера цел ден неуспешно се обидувале да ги извлечат рударите од јамите, поплавени со вода, поради излеаната река Ругого.

Американските медиуми пренесуваат дека во Бурунди има чести рударските несреќи, особено во северозападниот и североисточниот дел на земјата, каде илегалните рудари претпочитаат да работат ноќе за да го избегнат надзорот од властите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот