ВИДЕО: Хаос во косовските ковид болници: Роднини ги чуваат пациентите, граѓаните бараат оставка од министерот за здравство

Кратко теренско истражување кое новинарката Јета Џара го направи во Пиштина предизвика бура од реакции на социјалните мрежи. Октако новинарката без никаков проблем успеа да се прошета низ ковид центрите каде што се згрижени пациентие кои се позитивни на коронавирусот социјалните мрежи се преплавија со коментари во кои граѓаните бараат оставка од министерот за здравство во Косово, Арменд Земај.

Во видеото кое до сега има повеќе од достигна над 2 милиони прегледи објавено на Фејсбук страната на порталот kallzo.com се гледа дека на влезот на болниците нема обезбедување кое би спречило посети од лица кои не се заразени од вирусот ковид-19.

Исто така новинарката забележа дека роднини на пациентите седат во болничките соби заедно со заразените пациенти. Дури, некои од нив од премор си дозволуваат да прилегнат на истите кревети со болните.

Медицинскиот персонал со кој разговараше Џара очајно се обидува на телефон да ги повика лекарите кои се на смена и се однесуваат како во болницата да владее регуларна атмосфера и се почитуваат протоколите. Главната сестра која проговори пред камерите изјави дека тие не дозволуваат посети. Таа исто така рече дека тројца доктори ја водат клиниката и дека тоа не е доволно.

„Не зависи од нас. ние не дозволуваме посети, но тие влегуваат“ рече медицинската сестра. Но, таа остана во недоумица што да одговори кога Џара ја соочи со фактот дека во најмалку четири болнички соби каде имаше медицински персонал виде и роднини на пациентите кои непречено останаа таму.

Роднините на пациентите објаснуваат дека чувствуваат потреба да бидат со болните бидејќи има малку медицински персонал и мислат дека треба да помогнат.

На видеото се гледа и дека додека новинарката се движи низ болничките ходници наидува човек од обезбедувањето. Но, тој е зафатен со телефонски разговор и повторно го остава влезот на болницата без надзор. Друг, на кој Џара наидува при излегувањето и го прашува како е можно изворот на заразата, местото кое треба да е најмногу обезбедено, да нема никаква контрола, изјави дека не му е дозволено да разговара со медиуми.

„Ние ја држиме ситуацијата под контрола и си ја работиме нашата работа“ сепак изусти додека покрај него пораѓаа луѓе со полни кеси понадици.

Скоро иста ситуација се случува и на интерното одделение кое во моментов е ковид центар. Само во третата клиника на Џара и беше забранет влезот.

По објавувањето на видеото и бурните реакции се огласи министерот Земај. Тој побара од генералниот директор на Универзитетска болничка и клиничка служба на Косово, Валбон Красниќи, да преземе мерки во управувачкиот синџир.

„Имаше недостаток или неуспех во организацијата на работата во клиниките, несоодветно управување со ситуацијата во која се наоѓаме. Директорите на клиниките, како и раководителите на соодветните одделенија, врз основа на описите на работните места, се одговорни и носат обврска за организација, планирање и управување со тие клиники“, се вели меѓу другото во писмото на Земај.

 

Нови 13 починати и 590 заболени од Ковид-19 во Косово последните 24 часа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот