ВИДЕО: Халанд е играчот кој најбрзо стигнал до 50 голови во Премиер лигата

Ерлинг Халанд/фото: EPA-EFE/Adam Vaughan

По првото полувреме на стадионот „Етихад“ во дербито од Премиер лигата фудбалерите на Манчестер сити водат 1:0 против Ливерпул.

Стрелец на единствениот гол за „граѓаните“ во првите 45 минути го постигна Халанд по асистенцијата на Аке.

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд запиша нов рекорд откако стана најбрзиот играч во Премиер лигата до сега кој успеал да стигне до 50 голови во само 48 настапи.

Халанд го надмина рекордот на поранешниот играч на Манчестер јунајтед, легендата на „црвените ѓаволи“, Ендрју Кол кој дојде до 50 погодоци, но после 65 настапи.

Топ 5 фудбалери кои постигнале 50 гола во рекордно време:

Ерлинг Халанд – 48 настапи
Ендрју Кол – 65 настапи
Алан Ширер – 66 настапи
Руд Ван Нистелрој – 68 настапи
Мохамед Салах / Фернандо Торес – 72 настапи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот