ВИДЕО: Ѓоковиќ во 2024 година ќе атакува на нови рекорди, а тоа го мотивираше Рафа Надал
Новак Ѓоковиќ по освојувањето на Завршниот АТП мастерс во Торино изјави дека ја имаше една од најдобрите сезони во својата кариера. Но, и на 36 години најдобриот светски тенисер нема намера да застане и за 2024 година најави напад на нови рекорди.
Голем број на фанови го очекуваат и враќањето на Рафаел Надал, еден од најголемите ривали на српскиот ас Ѓоковиќ. Надал наскоро ќе објави кога точно ќе се врати на теренот, а за очекување е тоа да биде на почетокот на јануари во Австралија.
На денот кога Ѓоковиќ го освои седмото АТП финале во кариерата и ја започна 400 недела како првопласиран на АТП листата, Надал објави снимка на која се гледа како тренира.
Заедно со својот тренер Карлос Моја, Надал покажува дека го засилува интензитетот за да се врати на старото шампионско ниво.
Доколку Рафа успее да ја врати потребната форма и почне од старт да бележи добри резултати тогаш за очекување е следната сезона да биде максимално интересна.
Looks like Rafael Nadal is nearing a return to the court 👀 pic.twitter.com/Lp3DQjj2Qr
— BetOnline.ag (@betonline_ag) November 20, 2023