ВИДЕО: Ѓоковиќ доста се мачеше против 198 играч на светот во Монте Карло

фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот се пласираше во третото коло на Мастерсот во Монте Карло. Во дебито на земјена подлога во тековната сезона, Србинот со 2:0 го совлада Русинот Иван Гахов, 198 играч во светот, по цврстиот отпор на големиот аутсајдер.

Во сетови беше 7:6 (5), 6:2 по 108 минути игра во Монако. Следен ривал за Ѓоковиќ ќе биде подобриот од италијанскиот дуел меѓу Лука Нарди и Лоренцо Музети.

Многу силен отпор пружи 26-годишниот московјанец, според неговите зборови, огромен фан на Новак Ѓоковиќ. Играјќи во копачки со логото на српскиот тенисер, Гахов уште во првиот сет ги исплаши симпатизерите на Новак – поведе со 4:3 со брејк во седмиот гем.

Ѓоковиќ веднаш прави брејк, а до крајот на сетот нема поголеми возбудувања и стигнуваме до тај-брејк. Во него Србинот стигна до мини-брејк на предност на стартот, но набрзо се враќа Гахов. Спасува два сет-топки, но третиот не и по 69 минути долг сет, првиот играч на АТП листата поведе со 1:0.

Во вториот сет, пак, Новак лесно го скрши отпорот на противникот. Србинот прави два брејка и во осмиот гем ја користи втората меч топка за пласман во третото коло. Ова беше јубилејна 300 победа на Ѓоковиќ на земјена подлога.

Од останатите фаворити на турнирот, вториот носител Циципас се пласираше понатаму откако при негово водство од 4:1 мечот го преодаде Французинот Бонци.

Хуркач со 2:1 го елиминираше Британецот Дрејпер, потоа Русинот Рубљов кој е петти носител по пресврт го совлада Шпанецот Мунар.

Хачанов од Русија двапати со 6:2 беше подобар од Давидович Фокина, додека Белорусинот Ивашка по скоро два часа игра триумфираше над Еванс од Велика Британија со 2:6, 6:2 и 6:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот