ВИДЕО | Game Change: Заев најави нов систем, ќе светне црвено и веднаш се знае кој затаил

Зоран Заев / Фото: Скриншот, Јутјуб

Малку недостига со непресметливи луѓе, како што е раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ни отиде земјата во провалија, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанскиот собир. Тој додаде и дека владејачкото мнозинство е стабилно и ќе се зголемува.

-И уште нешто – најавувам вечерва – давам јасна насока и директива, во сите општински организации, кај сите наши градоначалници, сите министри и директори – GAME CHANGE – излегоа проблемите на виделина – фрчат пораки со проблемите на луѓето – тргнуваме со нов систем каде секој граѓанин ќе добие одговор – прво дека пријавата или поплаката или барањето се примени, а веднаш потоа и упатување од секоја институција како ќе се решава проблемот. Систем другари. Правила и процедури. Секој штој пријавил проблем добива одговор, фидбек. Ама секој. Без разлика кој е. Систем услуги кој оди рамо-до-рамо со дигитализацијата. А ако некој не добие соодветна услуга, ќе светне црвено на компјутерот и одма се знае кој затаил, кој не работи како што треба, кажа Заев.

Тој се обрати до скопјани, односно како што ги нарече, прогресивно граѓанство, кое на првиот круг од локалните избори ги казниле, иако не сакале да се врати режимот. Им порача дека предупредиле на време.

-Јас знам дека вие не сакате да се врати режимот. Но, некој во вашиот личен живот ве повредил, некој ве потценил, некој ви ја затворил вратата неправедно, некој не ви кревал ни телефон за да ја слушне вашата мака. Ви благодарам на сите вас што причините ги споделивте со мене. Ако јас кревам телефон, покрај сите мои обврски како премиер, ќе крева телефон и Петре и Дуле и сите. И секој од највисоко до најниско раководно ниво. Ќе ве слуша и ќе ви помага, затоа што за тоа е поставен, за државата и за граѓаните, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот