ВИДЕО | Галевски: Има голем број филмови каде музиката е доминатна во однос на квалитетот на филмот

Влатко Галевски, филмски критичар / Утрински брифинг
Влатко Галевски, филмски критичар / Утрински брифинг

-Не знам кој теоретичар рекол – дека сите промашувања на режисерот се пополнуваат со музика. Така што е голем знак прашање колку на филмот му треба музика, вели за Утрински брифинг Влатко Галевски, филмски критичар и рецензент.

-Очигледно дека овој теоретичар е во право затоа што има голем број филмови каде музиката е доминатна во однос на квалитетот на филмот или барем каде што балансот е одлично направен. Како куриозитет да спомнам дека еден од најдобрите македонски филм „Црно семе“ воопшто нема музика. Така што филм без музика е можен и без последици, вели Галевски.

Галевски појаснува дека партитура или скор е композиција специјално работена за филм, најчесто е инструментална со голем оркестар. Значи тоа е нарачана музика од композитор или група композитори за определен филм.

-Има композиции кои останале како инструментални изведби и се извонредно многу квалитетни и познати. Врвните автори сериозно ги работат таквите теми компатибилно со дејствието и сликата. Саундрак е музика позајмена за филмот. Тоа обично се хит песни кои го потенцираат дејствиетото. Под саундрак се сметааат и оние вокални извеедби кои се специјално правени за филмот, вели Влатко Галевски за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот