ВИДЕО: Фулам потклекна пред Брентфорд, три гола во мрежата на Лено

фото: EPA-EFE/Kieran Galvin

Фудбалерите на Брентфорд на домашен терен го совладаа Фулам со 3:2 во натпребарот од 26 коло во Премиер лигата. Фулам ја пропушти можноста со победа над Брентфорд да се искачи на шестото место во една од најквалитетните фудбалски лиги во светот.

Од стартот на натпреварот домашните беа поопасен ривал, редеа шанси, а иницијативата ја крунисаа со гол во седмата минута. Пинок шутираше, а топката удри во играч на Фулам кој го промени правецот и заврши во мрежата на Лено.

Фулам одговори во 40 минута на крајот од првото полувреме. Переира од слободен удар ја погоди пречката, топката се одби до Соломон, кој мирно со глава ја упати во празната мрежа.

Предноста на Брентфорд ја враќа Тони од пенал во 52 минута, додека Јенсен во 85 зголеми на 3:1. Уште еден утешен гол за Фулам постигна Карлос Винисиус во 99 минута.

На табелата Фулам е на седмата позиција со 39 бодови, додека Брентфорд на деветтото место со 38, колку што има и осмопласираниот Брајтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот