ВИДЕО | Фудбалер на Гент постигна хет-трик за три минути во Конференциската лига

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Во денешниот натпревар од Конференциската лига помеѓу турски Башакшехир и белгиски Гент видовме достигнување кое долго време не се памети на фудбалските терени.

Гент забележа сигурна победа и со 1:4 го прегази турскиот претставник откако првиот дуел помеѓу овие екипи заврши без победник 1:1. Херој на гостинскиот тим беше Емануел Орбан кој успеа да постигне хет-трик за само три минути.

Oрбан головите ги постигна во 31-та минута, 32-та и 34-тата. Преостанатиот гол беше дело на Кјуперс во 37-та минута, додека утешниот гол за домаќините го постигна Аднан Јанузај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот