ВИДЕО+ФОТО: На Италијанците не им е дозволено да ги преминат границите за Божиќ
Новите ковид-правила во Италија го ограничуваат движењето за време на сезоната за празници. Во Италија од почетокот на пандемијата починале 59.514 луѓе, а досега се заразиле 1,71 милион лица.
На Италијанците не им е дозволено да ги преминат границите за Божиќ.
Во таа земја во последните 24 часа од последиците на инфекцијата со коронавирус починале 662 лица, додека заразени се 21.052.
На Италијанците не им е дозволено да ги преминат границите за Божиќ. Италијанската влада на 3 декември усвои строг пакет ограничувања насочени кон ограничување на движењето за време на празничната сезона.
Пакетот вклучува забрана за патување меѓу региони помеѓу 21 декември 2020 година и 6 јануари 2021 година и забрана за движење надвор од родниот град на Божиќ, на Свети Стефан и на Нова година. Владата исто така го задржа тековниот ноќен полициски час, при што луѓето не смеат да излегуваат од своите домови од 22 часот до 5 часот наутро, освен за работни или здравствени причини или други итни ситуации.
Ден претхнодно бројот на новозаразени беше 24.099, додека починале 814.
Во Италија од почетокот на пандемијата починале 59.514 луѓе, а досега се заразиле 1,71 милион лица.
Во изминатите 24 часа се тестирани 194.984 луѓе.
На болничко лекување сега се наоѓаат 30.158 пациенти заразени со коронавирус, што е помалце за 1.042 во однос на еден ден претходно.