ВИДЕО+ФОТО I Хаос во Брисел: Насилни протести по смртта на млад човек со африканско потекло

Демонстранти запалија влез на полициска станица и полициско возило во Брисел за време на протестот поради смртта на тинејџер од африканско потекло, кој почина откако беше приведен од полицијата.

Насилните протести почнаа откако 23 годишниот Ибрахим Бари беше уапсен бидејќи снимал припадници на полицијата додека вршеле контрола за почитување на мерките преземени во борбата против коронавирусот.

Бари, кој беше уапсен и однесен во полициската станица, изгубил свест еден час подоцна и почина во болницата каде бил префрлен.

Фото: Твитер

На сликите и видеата објавени на социјалните мрежи, покрај демонстрантите кои ја палат полициската станица се гледаат и вооружени полицајци кои најверојатно со гумени куршуми пукаат кон демонстрантите.

Како што пренесуваат белгиските медиуми на улиците се собрале околу 400 луѓе. Полицијата употреби и водени топови за да ги растера гневните демонстранти.

Протестот што започна како мирен беше организиран од активистичката група АЈГБ со повици да се дознае вистината за смртта на Ибрахим.

За време на протестот се слушаа паролите „Животот на црнците е важен“, „Правда за Ибрахим“, „Полициски убијци“, по демонстрантите потоа почнаа да фрлаат камења кон полициската станица, на што припадниците на безбедносните сили одговорија со употреба на водени топови.

За време на немирите демонстрантите ги искршија и прозорците на бројните полициски автомобили беа скршени. Тие исто така оштетија банкомати и продавници на околните улици.

Околностите за смртта на Ибрахим сè уште се нејасни.

Стефани Лагасе, портпарол на обвинителството, за ВРТ.бе изјави: „Врз основа на читањето на фактите, сега бараме истражен судија да ја преземе истрагата. Истражен судија може да изврши подетална истрага отколку јавното обвинителство.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот