ВИДЕО | Елмас е миленик во Неапол: Делеше автограми пред тренинг-центарот

Фото: Screenshot

Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас иако џокер игра одлична сезона за Наполи и е трет стрелец во екипата зад Виктор Осимен и Квича Кварцхелија.

Елмас е миленик на навивачите, па така денес навивачите на Наполи го опколија пред тренинг-центарот, а на македонскиот „дијамант“ не му беше тешко да дели автограми.

Во Неапол во овој период владее вистинска еуфорија затоа што Наполи веќе во недела би можел и официјално да стане шампион на Италија. За тимот на Спалети математички да го обезбеди Скудетото потребно е да слават против Салренитана, а Лацио да одигра барем реми со Интер.

Изминатиот викенд Елмас беше еден од најзаслужните за победата против Јувентус со својата асистенција во завршницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот