ВИДЕО | Елмас доби десет минути во победата на Наполи против Торино

Наполи - Торино/1 октомври/ фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Наполи на Елиф Елмас запиша уште еден триумф во италијанската Серија А, откако на домашен терен го совладаа Торино со 3:1.

Наполитанците го потврдија статусот на фаворитот и победникот беше решен во првите 37 минути од натпреварот. Во тој период тимот на Лучијано Спалети постигна три гола за водство од 3:0.

Два гола за Наполи постигна Ангиса, а еден беше дело на одличниот Грузиец Кварацхелија. Торино во финишот од полувремето успеа да го намали резултат на 3:1 и тоа преку Санабрија.

Второто полуврме не донесе голови, Наполи сигурно ја чуваше стекната предност и ги освои очекуваните бодови од овој дуел. Како и најчесто оваа сезона и овој натпревар Елиф Елмас го започна од клупата за резерви, Спалети шанса му даде во 81. минута од натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот