ВИДЕО | Едно полувреме за Несторовски во поразот од Болоња

Фото: Udinese Calcio

Tимот на Удинезе каде што настапува македонскиот репрезентативец Илија Несторовски претрпе пораз во натпреварот против Болоња со 3:0.

Болоња со овој триумф ја прекиан низата од три натпревари без победа, но и остана во игра за излез во Европа. Победата Болоња ја обезбеди по само десетина минути игра кога Пош го отвори резултатот во третата минута, а Моро во 12-тата зголеми на 2:0.

Удинезе го засили нападот со Несторовски кој влезе на стартот на второ полувреме, меѓутоа веќе во 49-тата минута Бероу ги постави конечните 3:0.

Со овие три бода Болоња има 40 бодови и се наоѓа на осмата позиција, а Удинезе е десетти со два бода помалку помалку по 28 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот