ВИДЕО: Еден од ранетите во пукањето во Белград е Македонец, добил два куршума во грбот

Фото: Инстаграм / 192.рс / принтскрин

Македонскиот државјанин Д.Л. (21) e момчето кое вечерва беше пронајдено рането во пукањето во белградската населба Врачар, а тоа најверојатно е случајна жртва во инцидентот, пишуваат српските медиуми.

Според полицијата, во престрелката најпрвин во натколеницата е ранет А.П.(26), а потоа со два куршума во грбот е ранет македонскиот државјанин Д.Л. Истрагата треба да утврди дали тој случајно се нашол на местото на пукањето и бил погоден.

„Ранетиот Д.Л. бил донесен од негов пријател во влез во соседната улица „Новопазарска“. Таму тој го сокрил ранетото момче и повикал полиција и брза помош“, пишуваат српските медиуми, повикувајќи се на извори во полицијата.

Брзата помош и полицијата набрзо пристигнале, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во возилото, на грбот биле видливи две рани од куршуми.

Фото: Информер
Фото: Информер

Повредениот А.П е со криминално минато – има дури 12 кривични пријави за дрога, оружје и разбојништво. По него е распишана потерница за издржување затворска казна.

Се трага по напаѓачот. Има околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки. По пукањето побегнал кон „Чубурскиот парк“, во моментот преполн со луѓе и многу деца. Двете ранети момчиња се пренесени во болница и според првичните информации, не се во животна опасност.

ВИДЕО: Пукање во Белград, двајца ранети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот