ВИДЕО: Драма на протестите во Германија, полицаец брутално турна жена – кутрата падна на асфалтот

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Во неделата во Берлин дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата на протестите кои не беа одобрени, туку напротив и забранети од страна на еден берлински суд.

Полицијата уапси повеќе стотици граѓани и дојде до физичка пресметка. Една видео снимка покажува прилично агресивна постапка од страна на еден полициски службеник што пак на социјалните мрежи предизвика лавина коментари.

На снимката се гледа постара госпоѓа како се обидува да помине покрај еден полицаец, кој во следниот момент ја фаќа жената за врат и ја фрла на асфалтот.

На социјалните мрежи ваквото агресивно однесување на полицецот беше коментирано остро, а на својот Твитер чинот го искоментира и Нилс Мелцер, официјален службеник од Обединетите нации.

Дали некој може да сведочи за овој случај и дали е покрената официјална истрага за ова, напиша Мелцер во својата објава.

На протестите во главниот град на Германија имало околу 2.200 полицајци кои се обидувале да ги запрат демонстрантите.

– Сакав да има повеќе полиција на улиците во неделата, но тоа е невозможно со оглед на тоа што тие во моментов помагаат во кризните подрачја погодени од поплавите, рече портпаролот на берлинската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот